На 23 мај со почеток од 19:30 часот во изложбениот салон на Музеј на град Неготино ќе биде отворена изложбата „Фрагментирана интроспекција“ од авторот Слободан Милошески.
Како што информираат организаторите, изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс.
Изложбата ќе биде отворена до 1 јуни.