Од 1 јануари Франција ќе обезбеди бесплатен пристап до контрацептивни средства за жени под 25 години, со новата мерка која ќе ја чини државата 21 милион евра годишно, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран, пренесува „Индекс“.
Најавата за мерката доаѓа во време кога владата на претседателот Емануел Макрон се подготвува за претседателската кампања во 2022 година.
„Има намалување на употребата на контрацепција кај некои млади жени, главно од финансиски причини. Неприфатливо е жените да не можат да се заштитат, да немаат пристап до контрацепција, доколку сакаат, бидејќи е прескапо“, додаде Веран.
Досега, возрасната граница за бесплатна контрацепција во Франција беше 18 години.