Франција на чекор да го впише правото на абортус во уставот

*Оваа вест е коригирана. Според информацијата која ја пренесовме од „Си-Ен-Ен“, доколку Франција го усвои законот би станала првата земја која правото на абортус во впишала во уставот. Словенија веќе го има направено тоа, односно правото на абортус е впишано во 55 член на словенечкиот устав. 

Француското Национално собрание усвои историски нацрт-закон со кој земјата се движи чекор поблиску до впишување на правото на абортус во уставот.

На гласањето во долниот дом на францускиот парламент во вторникот, 493 пратеници гласаа за предлог-законот, 30 беа против. Предлог-законот сега ќе се префрли во Сенатот на расправа и гласање, а доколку биде одобрен, специјалното тело составено од двата дома на парламентот ќе се состане за негово усвојување.

Обидот за внесување на правото уставот стана приоритет за француската влада откако Врховниот суд на САД во јуни 2022 го поништи Ро против Вејд со што абортусот се легализира како национално право.

Кога минатата недела започнаа парламентарните дискусии во долниот дом за текстот на предложениот закон, заканата Франција да ги следи стапките на САД одекна во собранието. Речиси сите пратеници кои зборуваа за поддршка на конституирањето ја истакнаа важноста да се осигура дека промената на репродуктивните права што бсе случи на Атлантикот никогаш да не пристигне до бреговите на Франција.

„Историјата е полна со примери за основни права з акои сите веруваа дека се дефинитивно стекнати, а кои потоа беа избришани, како што скоро посведочивме на одлуката на Врховниот суд во САД. Сега имаме непобитен доказ дека ниту една демократија, дури ни најголемата од сите не е имуна“, изјави министерот за правда на Франција Ерик Дипон-Морети.

Инаку, абортусот во Словенија е легален од 1977 уште додека земјата беше дел од поранешната југословенска република. Според достапните податоци, 41,6% од бременостите во 1982 завршиле со абортус, а оваа стапка во 2009 достигнала намалување до 18%.