Во 2007 година, францускиот модел Изабел Каро, позираше за шокантна кампања против анорексијата, пред да и подлегне на болеста на 28-годишна возраст.
Осум години подоцна, Франција разгледува закон со кој ќе ги оттргне моделите кои се премногу слаби, од модните писти. Модните куќи можат да бидат казнети со 75.000 евра, а оние кои ги вработуваат моделите кои се под нормалната тежина би можеле да бидат притворени во рок од шест месеци.
Владата ќе почне да го разгледува предлог-законот во вторник, а Ројтерс објави дека е многу веројатно и да биде изгласан.
„Важно е за моделите да јадат добро и да се грижат за своето здравје, особено за младите жени кои ги гледаат моделите како „естетски идеали“, изјави министерот за здравство Марисол Турен за Телевизијата БФМ во понеделникот, а пренесе Ројтерс.
Франција нема да биде првата држава во која што со закон ќе се регулира здравјето во модната индустрија. Израел, Шпанија и Италија имаат закони со кои се регулира употребата на слаби модели. Иако, Советот на модните дизајнери на Америка има издадено разни здравствени насоки за модната индустрија, Владата остана неинволвирана.
Но што е она што го прави еден модел да биде „премногу слаб“?
Според Ројтерс, моделите ќе треба да имаат лекарски уверенија со кои се докажува дека нивниот индекс на телесна маса е 18, што е околу 54 килограми за висина од 1,7 метри, за да бидат соодветни за работа како модел. Со предлог-законот, исто така, ќе се казнуваат веб-сајтовите со анорексички содржини.
Минатата година, високата мода ги прифати пополните модели. Законодавната регулатива може да значи дека досегашните стандарди за убавина, конечно би можеле да исчезнат од модата.