Француските власти неделава најавија дека менструалните производи ќе станат бесплатни за лицата под 25 години од 2024 година, пренесува „Euronews“.
Според новиот план, францускиот здравствен систем ќе ги рефундира лицата откако тие ќе ги купат производите за менструална хигиена од аптеките.
Во последната година, 30 отсто од девојките во Франција на возраст од 18 до 24 години, имале потешкотии да ги купат овие основни производи поради финансиски тешкотии.
Најновата мерка на француската Влада предвидува финансиско ослободување на младите, кои се втурнати во дополнителна сиромаштија поради растот на трошоците за живот.
Во Франција, бројот на луѓето погодени од менструална сиромаштија се дуплирал од два на четири милиони во последните две години, објави француската невладина организација која се фокусира на менструална сиромаштија – „Règles Elementaires“.