Француски градоначалници ги повикаа граѓаните и функционерите да се соберат во градските сали низ земјата денеска во знак на масовно противење на речиси еднонеделните насилни протести, јавува Радио Слободна Европа.
Владата се бори со ноќните немири и грабежи откако полицијата го уби 17-годишниот Нахел М. откако тој се обиде да побегне со својот автомобил кога го застанала полициска патрола, што ги реактуелизира долгогодишните обвинувања за расизам во редовите на француската полиција.
Итниот повик за „граѓанска мобилизација“ за воспоставување ред во земјата дојде откако беше нападнат домот на градоначалник од предградие на Париз, а неговиот автомобил беше запален.
Во обид да го смири она што стана еден од најголемите предизвици за претседателот Емануел Макрон откако тој ја презеде функцијата во 2017 година, Министерството за внатрешни работи соопшти дека прераспоредува 45.000 полицајци низ целата земја во текот на ноќта од недела до понеделник, што е иста бројка како претходните две ноќи.
Според Министерството за внатрешни работи, до 01:30 часот утринава, 78 лица биле уапсени во врска со немирите ширум земјата.