Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“, затворен за сообраќај ќе биде дел од магистралниот пат од мотелот Македонија до Градско, во периодот од 5 часот наутро, до 18 часот попладен.
Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација. Според најавите, снимањето на оваа локација ќе трае до четврток и е планирано да се одвива во работните денови.
За потребите на овој филм претходно беше затворена и скопската обиколница, како и патарината Петровец.