Во Францускиот институт во Скопје, во вторник (17 февруари), со почеток од 19 часот ќе се одржи кафе-дебата на тема слобода на уметничкото изразување, која е насловена како „Филмот, алатка за сонување или огледало на реалноста?“.
На дебтата ќе учествуваат проф. Антоанела Петковска, професор по социологија и култура на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. Владимир Мартиновски, поет и професор по компаративни поетики на Филолошкиот факултет во Скопје и Антонио Митриќески, режисер.