Со филмот „Не сум ништожник“, утре (26-ти мај), во 20 часот во Кинотеката на Македонија, Францускиот институт во Скопје ја затвора овогодишната сезона на францускиот кино-клуб.
Филмот е во режија на Емануел Финкиел (2014), а Никола Дивошел, Мелани Тјери и Марин Карјон ги играат главните улоги.
Никола Дивошел беше номиниран за најдобра машка улога на овогодишната церемонија на доделување на престижните филмски награди Цезар.
Филмот е со превод на македонски јазик. А билетите се продаваат по цена од 50 денари.