Венецијанскиот филмски фестивал му ја доделува наградата Златен лав за животно дело на францускиот режисер Бертранд Таверние за овогодинешното 72. издание кое ќе се одржува 2-12 септември.
Директорот на фестивалот Алберто Бабера најавувајќи ја почесната награда, го опиша Таверние како „инстиктивно неконформистичен, силно еклектички авторски режисер“ кој бил значителна фигура во француската филмска кинематографија.
73-годишниот Таверние е филмски критичар кој, според зборовите на Бабера, е посветен на „откривање и проценување на непознати уметници“.
Францускиот режисер ќе биде гостин-директор на класичната секција на Венецијанскиот фестивал на која се прикажуваат заборавени или потценети дела.
Бертранд Таверние е добитник на четири Цезар награди, прогласен е за најдобар режисер на фестивалот Кан во 1984 година за филмот „Недела на село“ и е добитник на Златна мечка на Берлинскиот фестивал во 1995 година за филмот „Мамка“, а во два наврати бил кандидат за најголеми почести на Венецијанскиот фестивал.