Француските синдикати се заканија дека ќе ја исклучат струјата на Канскиот фестивал, Ролан Гарос и Ф1 трката во Монако

„Светло! Камера! Акција!“.

Освен тоа што првиот дел од ова може да не биде возможен за време на овогодишниот Кански филмски фестивал.

Во директна закана до фестивалот, француските синдикати се заканија дека ќе ја исклучат струјата на настанот во протест против контроверзната пензиска реформа на претседателот Емануел Макрон.

Како одговор на повикот на претседателот за „100 дена мир и единство“ откако ја донесе пензиската реформа, претставниците на синдикатот за енергетика (ЦГТ) повикаа на „100 дена бес“.

Во нивниот проглас тие велат дека ќе организираат бројни протестни активности во текот на мај со исклучување на струја на големи културни и спортски настани.

„Во мај правете што сакате! Канскиот филмски фестивал, Големата награда на Монако, турнирот Ролан Гарос и Фестивалот Авињон може да останат во темница! Нема да се откажеме!“, се наведува во соопштението на синдикатот.

https://twitter.com/Kabed70/status/1649694668878233600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1649694668878233600%7Ctwgr%5E1b84372e08cb922324c2d777355b03245eef6d04%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.euronews.com%2Fculture%2F2023%2F04%2F25%2Ffrench-energy-union-threatens-to-cut-power-during-cannes-film-festival

Француските синдикати имаа исклучувано струја и претходно. Минатата недела, ЦГТ синдикатот таргетираше неколку локации кои ги посетуваше претседателот. Енергетските работници ја прекинаа струјата во аеродромот во Монпелје, како и во локално училиште кое го посети Макрон, обвинувајќи ја власта за анти-демократски методи.

„Сакаме да покажеме дека нема да свртиме нов лист. Се` уште сме бесни и сакаме да го изразиме тоа секаде каде што е можно, особено на јавни настани. Нашата цел не е да ги стопираме настаните од одржување, туку да имаме платформа преку која ќе бидеме чуени од локалната заедница и од избраните политичари. Не се смневаме дека дури и на Канскиот фестивал има личности кои ги споделуваат нашите ставови“, изјави генералниот секретар на ЦГТ, Фабрис Кудур, во телевизиско гостување.

Канскиот фестивал, чие 76. издание ќе се одржи од 16 до 27 мај уште нема одговорено на овие закани. Трката во Монако од циклусот на Формула 1 се одржува на 26 мај, додека тенискиот турнир Ролан Гарос започнува на 28 мај.