Жител на Франција е уапсен поради сомнеж дека телефонски ја малтретирал француската полиција и за помалку од два месеци 27.000 пати ја побарал службата. Французинот бил уапсен во близина на Лион, пренесува „Euronews“.
Осомничениот се јавувал во 14 различни полициски станици ширум Франција во периодот од 7 април до 18 мај.
Од полицијата известуваат дека во бројните повици, тој дофрлувал сексуални коментари кон полицајките, како и навреди.
Полицијата засега има евиденција од 34 жртви на телефонските повици.
Четириесетиседум годишниот жител бил уапсен во хотелот „Сент прист“ близу Лион.
Од полицијата истакнале дека сторителот е познат за службата. По апсењето, врз осомничениот била извршена психичка анализа, при што било утврдено дека тој е во ред. Сторителот ги признал делата.