Францускиот сенат го усвоил предлогот за забрана за натпреварите за убавина на девојчиња под 16 години, за да се спречи поставувањето на децата во сексуална конотација и нивната хипер-сексуализација.
За предлог-законот гласале 147 пратеник, а само еден глас бил против. По гласањето во Сенатот, за предлогот ќе се изјасни Националното собрание. Овој предлог е донесен по извештајот на парламентот „Против хипер-сексуалноста: Нова борба за еднаквост“, кој се повикува на забрана на детските броеви на облека за возрасни, како што се градници со потполнки за зголемување на градите и високи потпетици, како и забрана за одржување на избори за убавина за девојчиња под 16 години.
Со законот се предвидува казни за организаторите на натпреварите за деца и до 30.000 евра. Повод за новиот закон е провокативната фотографија објавена во магазинот „Вог“ од декември 2010, на која е прикажано 1о-годишно девојче од Франциј
Девојчето било нашминкано со јаки бои, со припиено фустанче, со високи потпетици и скап накит. „Вог“ даде образложение дека објавувањето на фотографијата е поради тоа „што е вообичаено децата да сонуваат да се облекуваат како нивните мајки“
Извор: Нова Македонија/BBC