На 23 јули на скејтпаркот во Охрид ќе се одржи настанот „Free Spirit Day“ на кој е предвиден скејт натпревар и музички настапи, во склоп на алтернативното културно-забавно лето, во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“.
Скејт натпреварот почнува во 18 часот, а учесниците треба да пристигнат на скејтпаркот од 17 часот за загревање.
„Ги покануваме сите скејтери да се пријават за скејт натпреварот, а ги покануваме и сите љубители на урбаното и алтернативното на журка со ‘Selector Tome Rootboy’, ‘Mamut’ и ‘Xajka’“, се посочува во најавата за настанот.
„Пријавувањето е задолжително на електронската пријава, за време на настанот нема пријавување. Бројот на учесници е ограничен, а пријавените ќе се натпреваруваат во три категории, момци до 16 години, девојки до 16 години, момци и девојки од 17 години и нагоре“, се додава во најавата.
Сите заинтересирани за натпреварот треба да се пријават на следниов ЛИНК.