„Free zone“ фестивал под мостот „Близнаци“ во Аеродром

Слободна зона за журка.Во недела (7 септември )со почеток од 20:00 часот под мостот „Близнаци“ на кејот на реката Вардар во Ново Лисиче со хип-хоп, рок и денс музика стартува музичкиот фестивал „Free zone“ или „Слободна зона за журка“, соопштија од општина Аеродром.

На фестивалот, кој според најавите ќе трае до раните утрински часови двочасовен настап ќе има  Бора Чорба, по што забавата треба да продолжи со диџеј сет на DJ Nick Kapa, Marko Logout, Future inc и DJ Che.

Влезот на музичкиот фестивал е слободен за сите посетители.