Скопскиот огранок на „Петоци на иднината“ („Fridays For Future“) информираат дека директори на средните училишта вршеле притисок врз ученици да не ја бојкотираат наставата во петок и да не учествуваат во маршот на коалицијата Зелен Фронт.
„Ова однесување на директорите е срамно. Не сакаме да шпекулираме дали тоа е резултат на личен простотилак или партиски инструкции, меѓутоа без сомнение е само уште една индикација за тоа колку е расипан образовниот систем во Македонија, каде приоритетите во развивањето на личноста се целосно испревртени“, стои во реакцијата на иницијативата.
Тие ги повикуваат младите да не потклекнат на закани и потсетуваат дека чистата животна средина е основно човеково право.
„Вие сте надежта дека оваа држава конечно некогаш ќе профункционира, а маршот во петок во 17 часот пред Министерството за животна средина е за вас и за вашата иднина. Вие сте тие кои ќе ја донесат Зелената револуција која ни е толку потребна. Канализирајте го вашиот младешки револт заедно со нас утре, и изборете се за вашите права“, стои во реакцијата на иницијативата.
Средношколците најавија бојкот во петок: „Младите не спијат, преку глава ни е од загадувањето“