Младински образовен фирум организира отворено предавање на тема „Funding and valuing your startup” наменето за средношколци и идни претприемачи. Предавањето ќе се одржи на 17 април – сабота, со почеток во 17:00 часот на платформата за видео комуникација ZOOM, a ќе го одржи Белино Џафа.
Белино Џафа е аналитичар за инвестициско банкарство во Банката на Америка Мерил Линч, кој ги има завршено своите студии на Харвард, по што работел во неколку светски компании од областа на економијата.
Своето место на предавањето заинтересираните можат да го резервираат со пополнување на формуларот, достапен на овој линк.
Предавањето ќе се одржи на англиски јазик. Настанот е дел од проектот „Младински претприемачки вештини“, поддржан од Амбасадата на САД.