Нова компанија финансирана на Kickstarter, Prynt Corp, ја создаде првата футрола за смартфони која печати фотографии за 50 секунди.
Prynt футролата, која ги поврзува смартфоните со печатач со ZINK хартија (која се користи и кај Polaroid фотоапаратите), користи „аугментирана реалност“ и преку апликација „лепи“ видеа врз испечатените фотографии.
Prynt Case на Prynt Corp. била лансирана и финансирана на Kickstarter, каде собрала 1,5 милиони долари до крајот на кампањата, и покрај тоа што целта им била 50000 долари. Финансиерите на Kickstarter кампањата ги добиле првите футроли кон крајот на минатата година, а компанијата сега ги продава директно преку својата веб страница.
Футролата чини 149 долари. Во цената се вклучени и адаптер и бесплатен пакет ZINK хартија.
Извор: Mashable