Касандра Де Пекол од Конектикат веќе посетила 181 земја и ѝ остануваат уште 15 за да стане првата жена која ги посетила сите суверени држави во светот.
Доколку последните држави ги посети во рок од 40 дена ќе го собори и гинисовиот светски рекор за најбрзиот човек кому му успеало да пропатува во сите 196 земји во светот, а ќе стане и најмладиот жител на САД кој го направил тоа.
Нејзиниот потфат е наречен „Експедиција196“ и патува како Амбасадор за мир на Меѓународниот институт за мир низ туризам. Патешествието почнало од Палау, во јуни 2015 година и досега ја чинело Касандра повеќе од 200 илјади долари кои ги покрива преку спонзори. Од погледот на Охридското езеро до посетата на будистички храм во Бутан, низ фотографиите кои ги поставува на Инстаграм, погледнете дел од нејзината авантура.