Пластични шишиња, амбалажи од храна, отпушоци, па дури и детски пелени, кујнски апарати и алишта, се дел од ѓубрето кое околу 40.000 административци денеска го исчистија во акцијата организирана од Владата и иницијативата „Не биди ѓубре“.
Службеници и активисти чистеа на повеќе локации во неколку градови, меѓу кои: Велес, Куманово, Битола, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар, Прилеп…
Преку акцијата испратија порака граѓаните да ја чуваат животната средина и да се вклучат во понатамошните акции на „Не биди ѓубре“.
Со денешното чистење, администрацијата го одработи неработниот ден – 2 јануари. Од Владата, пак, најавија дека слична акција ќе се организра и напролет.