„Капитализмот мора да падне“, „Работничката борба нема граници“ и „Да дојде свет на игра, не работа“ се само дел од слоганите кои се најдоа на испишаните пароли и банери по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Активистки и активисти од Социјалниот центар „Дуња“ направија активистички акции во јавниот простор, поточно Скопје и Прилеп, со цел да поткревање на свеста за состојбата на работничките права.
Во прилог погледнете ја галеријата од акциите.