[Галерија] Англиски фотограф поминал шест месеци сликајќи ноќни експозиции на трамваи

Тим Денел живее во Шефилд во Англија. Тој е ентузијаст за фотографија, а школуван е и преку Колеџот за уметност во Лидс. Преку фотографиите обично ја комбинира љубовта кон уметноста и дизајнот, технологијата, интересот за луѓето и светот околу него.

„Ги направив овие фотографии со долга експозиција на трамваи кои патуваат низ мојот град. Поминав шест месеци излегувајќи навечер, со цел да изгледаат како да доаѓаат од друг свет“, вели фотографот.

Во продолжение, погледнете дел од неговите фотки, објавени преку платформата BoredPanda: