Во декември 2015 година, музејот Смитсониан објави на повик на интернет, во кој бара од обожавателите на рокенрол музиката да ги соберат и испратат своите омилени приказни и лични фотографии од концерти и значајни настани во музичката историја.
Резултатот на овој повик е Smithsonian Rock and Roll: Lie and Unseen, антологиска книга од стотици претходно необјавени фотографии собрани од тавани, подруми, кутии за чевли и правливи фотоалбуми.
Книгата ја следи еволуцијата на жанрот во период од повеќе од шест децении, од пионерите како Чак Бери, Литл Ричард и Елвис Присли, преку „Британската инвазија“, панкот, металот, алтернативниот рок и сите пермутации измеѓу.
Арета Френклин, Боб Дилан, Џенис Џоплин, Џими Хендрикс, Дејвид Боуви, Нирвана, Ејми Вајнхаус и повеќе од 130 други артисти се појавуваат во книгата, а сите се овековечени во интимни портрети направени од нивните фанови.
Smitsonian Rock and Roll ќе биде објавена на 24 октомври.
The Grateful Dead, 27 ноември 1970, Чикаго Колосеум
Питер Габриел ја пее Lay Your Hands on Me, во Агора Балрум, Вест Хартфорд, Конектикат, 1984
Бони Рат во Харвард Сквер театарот, Кембриџ, Масачусетс
Б.Б. Кинг во август 1969 година, Атлантик Сити Поп Фестивал, Њу Џерси
Џејмс Браун, Онтарио Плејс Форум, Торонто, 1987
Џони Мичел во Клајнханс музичката хала, Бафало, Њујорк, 11 февурари, 1974 година
Џони, Џои и Ди Ди Рамоун во Аризона, 1978 година
Cream во Чикаго Колосеум, 13 октомври 1968
Sly & The Family Stone во Сан Диего спортската арена на 28 октомври 1973