На шестиот ден од Автономната Зона на Филозофскиот/Филолошкиот факултет се одржаа повеќе настани, трибини, филмски проекции, изложби… Во два часот се дискутираше на трибината „Што би промениле во високото образование?“, додека попладнето се одржа проекција на документарец и дискусија со професорката Ирина Стефоска и професорот Љупчо Ристески. Денеска беше отворена и изложбата на Александар Ковачевски насловена „Дискретниот шарм на продавачите на магла“, а вечерта ќе заврши со акустична свирка во Аулата на факултетот и со проекција на филм „Berkeley in the 60s“ и дискусија. Во продолжение погледнете дел од вечерашната атмосфера на #АвтономнаЗона.