Во рамките на овогодишната Недела на мобилност, белградската иницијатива „Улици за велосипедисти“ организираа акција низ српскиот главен град за подигање на свеста за поголемо користење велосипеди.
Преку креативни, хумористични и интересни пораки, тие велат дека сакале да ги потсетат граѓаните дека и велосипедите можат да се користат како начин на превоз, особено во тек на пандемијата кога од голема важност е одржувањето физичка дистанца.
Во продолжение погледнете дел од фотографиите и пораките преку кои тие го привлекуваа вниманието на својата акција.
Автор на фотографиите е Јадранка Илиќ.