Фотографот Roco Rorandelli од Terra Project со дрон го документирал трауматичното патување од Грција до Германија, прикажувајќи ја хуманитарната криза од поинаква перспектива.
Бегалци кои штотуку пристигнале со автобус од Атина чекаат на ред за да влезат во привремениот камп меѓу Грција и Македонија. Овде UNHCR, невладини организации и локални волонтери нудат помош, храна и облека.
Камп поставен од австриската војска на границата со Словенија. Со затворањето на унгарските граници, овој мал град стана честа дестинација за бегалците кои се обидуваат да стигнат до Германија.
Група бегалци го преминува мостот меѓу Салцбург и Фраиласинг, конечно пристигнувајќи на германска територија. Секој од нив е потоа претресуван и испрашуван.
Бегалци од Сирија спијат во транзитниот камп Спилфелд, Австрија, на границата со Словенија.
Телевизиска екипа интервјуира полицаец во транзитниот камп Спилфелд, Австрија
Бегалец ѝ помага на жена да прескокне преку поток на територијата меѓу Србија и Македонија
Бегалци на територијата меѓу Србија и Македонија
Бегалци приситигнуваат на контролниот пункт во Србија близу до Миратовац, на границата со Македонија
Бегалци добиваат храна и други потребни продукти во транзитниот камп Бабска, на границата меѓу Србија и Хрватска, после шестчасовно патување со автобус од Прешево.
Група бегалци се подготвува да се качи во германски полициски автобус. Откако ќе пристигнат во кампот Фраиласинг, бегалците се регистрирани и испратени во различни градови во Германија со воз.
Извор: Guardian