Преку 600 билборди и инсталации со кои се критикуваат големите компании, спонзори на големата конференција посветена на климатските промени, се поставени низ улиците на Париз. Меѓу компаниите и институциите кои ја помагаат конференцијата се Air France, Volkswagen, музејот Лувр, а настанот го организираат Обединетите нации. Билбордите се дело на 80 уметници од 19 држави, кои со овој чин на ткн. „Брендализам“ (Brandalism) протестираат поради, како што велат, дволичноста на големите компании. Самото одржување на овој настан, според проценките на екологистите, ќе создаде 300.000 тони јаглерод диоксид.
Вчера, кога започна конференцијата, се одржаа маршеви ширум светот, на кои учествуваа стотици илјади луѓе, кои побараа крај на доминацијата на фосилните горива на планетата.
Еве дел од билбордите поставени низ париските улици: