Згради во облик на јајце, мобилен телефон, пијано и виолина, како и зграда во форма на панталони, каде ако не „made in China“.
Забрзаниот урбан раст на Кина и новите бизниси создадоа плодно место за западните архитекти.
Поради ова, кинескиот претседател Кси Јинпинг, сака да стави крај на бизарните згради кои се изградија во последните децении. Според него, уметноста треба да им служи на луѓето и треба да биде во повеќе морално-инспиративна форма.
– Порта кон Ориентот, Суджоу: „Тоа е само еден огромен пар панталони“, велат локални минувачи кои зградата ја сметаат за „понижување“. Минувањето низ 74 катната зграда тие го чувствуваат како ползење под нечии нозе.
– Космичко јајце -Национален центар за уметности, Пекинг: По дизајнот на францускиот уметник Пол Андро, оперската куќа во Пекинг беше првиот примерок на згради во облик на јајце во Кина.
– Галаксија Сохо, Пекинг: Кралицата на космичките јајца Заха Хадид спои неколку згради во облик на јајца со патеки по кои може да се пешачи.
– Зграда во облик на шише, Сечуан: Најголемиот производител на алкохол во Кина решил да го промовира својот бизнис во форма на цела зграда во изглед на шише.
– Зграда во обли на мобилен, Кунминг: Во јужната кинеска провинција, Јунан, е поставена 11 катна зграда во облик на мобилен телефон каде копчињата претставуваат прозорци.
– Зграда во форма на пијано и виолина, Хуаинан: Зградата е дизајнирана од група студенти. Замислена е како просторија за проба и перформанси на студентите од факултетот за музика. Локалните граѓани ја нарекуваат „најромантичната зграда во Кина“.
– Музеј на чај, Гизху: Зградата е сместена во градот од каде доаѓа зелениот чај. Со височина од 75 метри претставува највисока зграда во овој облик.
Извор: The Guardian