Со позитивна вибра, многу гушкање и реге на дожд вчера се одбележа уште еден „Боб Марли ден“ во скопскиот Градски парк.
На ќебенца, пред Школка или со своите миленици, многу граѓани вчера го посетија музичкиот настан што се одржува во чест на ликот и делото на големиот реге музичар Боб Марли. Во ритамот на зелено-жолто-црвени насмевки, присутните вибрираа до доцна вечерта кога ниту дождот не ги избрка дома. Погледнете дел од атмосферата во продолжение:
Инаку, „Боб Марли ден“ оваа година се одбележува по дваесетти пат во Скопје. Од 2003 па навака, бројни музичари, бендови, диџеи имаат настапено на Школка, а со нив под мотото „Една љубов, едно срце, свет без граници“ се израснати разни генерации.
@radiomof Боб Марли Ден 2023 Љубов, дружење и дожд 💚💛❤️ #fyp #fy #bobmarley #скопје #градскипарк #бобмарли ♬ Three Little Birds – Bob Marley & The Wailers
Фото: Ангела Бошкоска