Жоао Карваљо(João Carvalho) е 15-годишен тинејџер од Бразил кој прави цртежи врз листови од тетраткa. Иако ова можеби звучи здодевно, воопшто не е така. Карваљо ги витка сините линии од страниците на тетратките и со мало додавање на сенки тој добива прекрасни 3Д фигури.Резултатот се карактери и форми кои „излегуваат“ од линиите на тетратката.
Интересен е и фактот што младиот Бразилец е самоук, а почнал да црта 3Д симболи и предмети во јуни оваа година.
Извор:Мediaartbox/Тudointeressante