Русија утрово започна воен напад против Украина, а рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди другите земји дека секој обид за мешање ќе доведе до невидени последици, пишува „Евроњуз“.
Големи експлозии се слушнаа пред зори во Киев, Харков и Одеса. Во меѓувреме светските лидери го осудија почетокот на руската инвазија која може да предизвика огромни жртви и да ја урне демократски избраната влада во Украина.
Путин го оправда нападот врз Украина во телевизиско обраќање, тврдејќи дека е потребен за да се заштитат цивилите во источна Украина. САД пак посочија дека тоа е лажно тврдење како изговор за инвазија.
Погледнете ги фотографиите направени од фото-репортери на светските новински агенции.