Девет нови локации од Азија и Европа се впишани на листата на Светско наследство на УНЕСКО на 44-тата сесија на Комитетот при организацијата на Обединетите Нации, која се одржува во Фуџоу, Кина.
Комитетот ќе заседава до 28 јули, а на дневниот ред се одлуки за уште 31 локација кои се предложени да го добијат статусот на Светско наследство. Меѓу нив се наоѓа и локацијата Длабока Река во Северна Македонија, која треба да биде приклучена на веќе впишаното транснационално подрачје Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа. За проширувањето на ова подрачје предвидено е да се донесе одлука од Комитетот во среда.
Во продолжение погледнете кои се новите локации кои се впишани како Светско наследство на УНЕСКО:
Градовите на големи бањи во Европа (Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска)
Хима (Саудиска Арабија)
Светилникот Кордуан (Франција)
Уметничката галерија во Матилденхох, Дармштад (Германија)
Серијал фрески од 14-тиот век во Падова (Италија)
Чјанџо – Трговскиот центар на светот во Сонг – Јуан (Кина)
Храмот Рамапа во Рудрешвара (Индија)
Транс-иранска железница (Иран)
Пасео дел Прадо и Паркот Ретиро (Шпанија)