Националниот парк „Галичица“ на својата Фејсбук страница сподели фотографии од дивиот свет на Голем Град. Овој остров, лоциран во Преспанско езеро е од големо културно-историско значење. Тој е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, но и карактеристичната флора и фауна.