[Галерија] Дивиот свет во Македонија низ објективот на Андреј Михајлов

Ќосе, Белоглав мршојадец, Кафеавата мечка, жабата Гаталинка и зелениот гуштер, се дел од животинките кои може да се забележат во природата низ Македонија.

Сакајќи да ја едуцира јавноста, студентот од Природно-математичкиот факултет Андреј Михајлов, редовно го фотографира и документира дивиот свет, а со тоа се труди и да ја подигне еколошката свест.

„Мислам дека луѓето кај нас не се доволно информирани за кревкоста на дивиот свет. Каде и да одам дали покрај езеро, река, во некоја шума по планините или поле, секаде истата приказна. Насекаде шут, ѓубре, мини депонии, загадени езера и реки од индустријата, криволов, нелегална сеча на шуми и подметнати пожари. Да не почнувам со аерозагадувањето, болниците ни се полни со деца поради разни респираторни болести“, забележа тој.

Михајлов е член на Истражувачкото друштво на студенти биолози – ИДСБ и Македонското еколошко друштво – МЕД, со кои често теоријата ја практикуваат преку теренски акции, собирајќи материјали за научни трудови и учејќи за екологијата, биологијата и заштитата на дивиот свет. Ова го поттикнало неговата идна професија да ја спои со омиленото хоби – фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

Dice snake (Natrix tessellata). . Рибарка 💚. . . Рибарката е вид на неотровна змија која припаѓа на фамилијатa смокови (Colubridae) и е широко распространета во Македонија. . . Карактеристики: . Должина: 100-130 cm. . Исхрана: Месојади и пленот најчесто го голта цел додека е сеуште жив. Највеќе обожава риба, водоземци и нивните ларви. . Хабитат: Најчесто живеат покрај поголеми водни базени езера, бари, реки и покрај море. . Активност: Рибарката е активна преку ден, но кога температурата е многу висока тогаш е активна во ноќта. . Размножување: Овипарни, парењето се одвива од април до јули и за време на парењето рибарката формира огромни колонии со стотици единки. Женките ги полагаат јајцата после јули, а младите излегуваат во август или септември. . Интересни факти: Рибарката е способна за танатоза (лажирање на смртта), кога е нападната од предатори таа умешно се преправа дека е мртва и испушта многу смрдливи флуиди од аналните желзди. . Статус: Незагрозен. . Закани: Змијофобија, загадување на реките и езерата, уништување на нивните хабитати, криволов. . . #wildlifephotography #naturephotography #outdoorphotography #snakephotography . #biology #zoology #ecology #herpetology . #nature #wild #wildlife #snakes #snake #snakesofinstagram #snake🐍 #snakelover #snakelovers #snakeselfie #reptilesofinstagram #reptile #reptileworld #reptiles #reptilefanatics #reptilelover #herpetologist #snakelove . #инстаграмџии #prespa #природа #македонија

A post shared by Andrej Mihajlov (@andrejmihajlovv) on

Според него, институциите треба многу повеќе да инвестираат во заштита на нашата биолошка разновидност. Како позитивен пример го посочи неодамнешниот случај кога два млади белоглави мршојадци кои од глад и изнемоштеност беа пронајдени паднати во Берово, беа ослободени во близина на хранилиштето за мршојадци на Витачево во близина на Кавадарци.

 

View this post on Instagram

 

Griffon vulture (Gyps fulvus). . Белоглав мршојадец 💚. . Запознајте го Светислав кој пред да полета на слобода несебично ми позираше како некој врвен манекен. . Светислав заедно со Сунчица на 30 октомври беа успешно пуштени на слобода на хранилиштето за мршојадци, кое се наоѓа на Витачево и е управувано од здружението ‘Аквила’. Двата млади белоглави мршојадци беа пронајдени паднати и во лоша состојба во близина на Берово. Сега се во одлична здравствена состојба, а нивното движење се следи со GPS уреди од страна на Македонско Еколошко Друштво. . Во акцијата за закрепнување и ослободување на птиците во природа беа зангажирани повеќе институции и здруженија: Здруженито за заштита на животни ‘Про Анима’ кои први информираа за паднатите птици, Македонско Еколошко Друштво, Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоолошката градина во Скопје каде што птиците беа во карантин се до нивното целосно закрепнување, Фондот за заштита на дивата флора и фауна од Бугарија и експерт од фондацијата за заштита на мршојадците од Шпанија. . Белоглавите мршојадци се критично загрозен вид во нашата татковина и се заштитени со законот за заштита на природата, како и со законот за ловство. Во моментов според наоди од Македонско Еколошко Друштво во Р. Македонија има само 5 гнезда, поради што секоја птица е скапоцена за опстанокот на белоглавите мршојадци кај нас. . Се надевам дека оваа приказна ќе ја мотивира власта за изградба на Шелтер и Резервати за нашите загрозени видови. Ако се остане на празните ветувања како досега, последиците ќе бидат катастрофални! Имавме 4 различни видови на мршојадци: црниот , брадестиот, египетскиот и белоглав мршојадец. За жал до 2004-2005 црниот и брадестиот мршојадец се истребени до последно пиле од нашата територија. . . #wildlifephotography #naturephotography #outdoorphotography #birdphotography #biology #ecology #zoology #ornithology #nature #birds #birdplanet #bird #birdwatching #birding #bird_freaks #birdsofinstagram #bird_brilliance #birds_nature #birdlove #birdwatchers #raptorbirds #birdsphoto #birds🐦 #birdofprey #birdnerd #птица . #истражијамакедонија #природа #инстаграмџии #македонија

A post shared by Andrej Mihajlov (@andrejmihajlovv) on

 

View this post on Instagram

 

Eurasian Blackbird (Turdus merula). . Ќосе💚. . . Ќосот е врапчевидна птица од фамилијата дроздови (Turdidae). Во зависност од местото на живеење и климата може да биде преселничка, постојан жител или делумно преселничка. Мажјакот е целосно црн со портокалово-жолт клун и портокалов прстен околу очите, а женките и младите се со кафеави пердуви. . Маса: 80-125 g. . Должина: 23-29 cm. . Распон на крилја: 34-38 cm. . Распространетост: Ќосот е нативен за Европа, Азија и северна Африка, а интродуциран е во Австралија и Нов Зеланд. . Живеалиште: Отворени листопадни, зимзелени и мешани шуми, грмушести предели и ливади, паркови, градини и земјоделски насади. . Надморска висина: 900-2.300 m. . Исхрана: Ќосот е сештојад омилен плен му се инсекти и црви, а од веганска храна најмногу обожава разни семиња, бобинки и овошје. . Размножување: Ќосот е моногамна птица и парот останува заедно долго време, а понекогаш врската на паровите трае цел живот. Секако парот може да се раздели ако нема потомство и ако една од птиците умре. . Животен век: Во дивина ќосот живее две до три години, а најстарата единка била скоро 22 години. . Статус: Незагрозен (најмала загриженост), се претпоставува дека глобалната популација е околу 10.000.000 до 500.000.000 возрасни единки, а глобалниот тренд на популацијата се зголемува барем во 1980-2013. . Закани: уништување на неговите живеалишта од пожари, урбаната експанзија, интензивното земјоделство, загадување, пестициди и птичји грип. . . #wildlifephotography #birdphotography #blackbird #birdwatching . #biology #ecology #zoology #ornithology . #wildeurope #birds #bird #birdsplanet #bird_brilliance #birdsofinstagram #birdscaptures #birdwatchers #birds🐦 #birds_captures #birds_matter #birdshots #birdslover #birds_adored #birdnerd #blackbirds . #инстаграмџии #македонија #природа🌿 #велес

A post shared by Andrej Mihajlov (@andrejmihajlovv) on

„Оваа приказна треба да биде пример дека ако се има желба може да се направат позитивни промени“, смета Михајлов.

Неговите фотографии од дивиот свет постојано добиваат бројни позитивни критики од јавноста и често се споделувани.

 

View this post on Instagram

 

Species/Вид: Dalmatian pelican (Pelecanus crispus) . Кадрав пеликан или бабјак💚. . Кадрав пеликан е една од најголемите птици во светот и претставува симбол на нашата преубава и магична Преспа. Се надевам дека ќе го зачуваме и несебично оставиме на следните генерации. . . . Карактеристики : . . . Маса: 7.25-15 kg. . Должина: 160-183 cm. . Распон на крилја: 245-351cm. . Клун 36-45 cm. . Распространетост: Европа, Азија и Африка. Кај нас го има на Преспанско езеро. . Хабитат: Реки богати со риба, езера бреговите на морињата. . Исхрана: Месојад, највеќе обожава риба, а дневно може да изеде околу 1.200 g риба. Покрај риба лови и ракчиња, црви, разни инсекти и помали водни птици. . Размножување: Овипарни животни како и сите други птици. Најчесто формираат колонии со над 250 пара, а може да гнезди и самостојно. Гнездата им се 1 m длабоки и 60 cm широки, а ги прават од трева, трска прачки и пердуви. Снесуваат 2-3 бели јајца со маса 120-195 g. Двата родитела лежат на јајцата за време од 30-32 дена. Гнездата ги прават покрај вода. . Предатори: Белоопашест орел, лисица, шакал, волк, дива свиња, кучиња, мачки, рисови. . Статус: Незагрозен, денес во светот има 10.000-20.000 единки, но за жал нивната бројка брзо опаѓа. . Закани: Криволов, болести, уништување на нивните хабитати, загадувањето на реките, езерата и морињата. . . . . . . #wildlifephotography #naturephotography #birdphotography #outdoorphotography . #science #biology #ecology #zoology #ornithology #nature #wild #explore . #birds #bird #birdlife #bird_freaks #bird_lovers #bird_captures #birdsofinstagram #birding #birdwatching #birdwatchers #birds_nature #birdphotos #birds🐦 #birdfreaks . #природа #инстаграмџии #prespa #macedonia🇲🇰

A post shared by Andrej Mihajlov (@andrejmihajlovv) on

„Секако граѓаните треба да покажат поголема заинтересираност и мислам дека само со проактивност ќе ги решиме овие проблеми. Се надевам дека со галеријата на мојот Инстаграм профил ќе придонесам во едукацијата за нашиот див свет, а со тоа и подигнување на еколошката совест“, посакува тој.

Е.П.