Дизајнерот Тим Швалфенберг создал диорама од 20 илјади Лего коцки, базирана на играта на Плејстејшн од 2013 година, The Last of Us.
Неговото дело опфаќа цел градски блок од дистопијата во која се одвива играта. Градбата на Швалфенберг на домот на Ели и Џоел, опколен со ѓубре и надрасната трева, му одзела околу 100 часа.
Во меѓувреме, Плејстејшн објави трејлер за долгоочекуваното продолжение на играта минатиот месец. Се уште нема официјален датум кога играта ќе биде објавена.