Дизајнерите и креативците периодов низ социјалните мрежи постојано упатуваат разни пораки и актуелни информации, со цел да ја подигнат свеста и да имаат свој удел против ширењето на КОВИД-19.
Веќе објавивме галерија со креативни пораки и илустрации, а во продолжение погледнете дополнителни дизајни и дела што ги поттикнуваат граѓаните да ги следат препораките за седење дома и социјално дистанцирање, но прикажуваат и повеќе аспекти од животот за време на коронавирусот.