Разни дизајнери и креативци, здружени од повеќе генерации, продолжуваат да објавуваат свои дизајни и пораки за да ја подигнуваат свеста против ширењето на коронавирусот.
Веќе објавивме прва и втора тура решенија што кружат по социјалните мрежи, а ова се дополнителни пораки до граѓаните за социјално дистанцирање. Исто така, повици за креативно поминување на времето во изолација, за да се задржи напредна мисла и здрав разум, но и поттик до здравствените работници – првиот фронт во борбата против Ковид-19.
Во продолжение, погледнете ги разните илустрации и дизајни од креативците: