Психоделичниот фестивал „Моменто Дементо“ (скратено „МоДем) секоe лето се одржува во Хрватска.
Стотици хипици, трансери, алтернативци, креативци, уметници и фестивалџии од целиот свет повторно беа дел и на овогодинешниот „МоДем“, кој од 6 до 11 август понуди разновидна програма на повеќе стејџови.
Се работи за максимално слободоумна и креативна хипи-зона. Присутните уживаа во уникатниит свет на фестивалот, во разни декорации, перформанси, проекции, места за дружење, забава, јога и уметност… Можеа да одберат дали да танцуваат на некој од шумските и мистични подиуми, да одмораат покрај реката, или да учествуваат во некоја работилница. За секој по нешто.
Фестивалот може да го погледнете преку фотографии на GypSEE Adventures :