Уметникот Роберт Сикорјак го претвори претседателот на САД, Доналд Трамп во традиционален негативец од стрип, во неговиот последен илустриран серијал, The Unquotable Trump.
За да го состави дијалогот во стрипот, Сикорјак зел некои од најчудните и најсрамни јавни говори на Трамп. Вели дека имало многу материјал од кој можел да избира.
Сикорјак е познат по користење на вистински цитати кои реални луѓе ги користат во негативна форма. Неговата најпозната илустрирана пародија, Masterpiece Comics, е составена од цитати од најпознатите писатели, адаптирани во стрип формат. Во неговите книги, Достоевски, Гарфилд и социјалната сатира се измешани во едно, а сепак изгледаат хомогено.
За споредба, да се илустрира Доналд Трамп како негативец било лесно. Јазикот кој го користи Трамп е речиси идентичен на оној кој го користат негативците во стриповите – едноставен, шуплив и полн со големи букви.
Сикорјак вели дека дал сè од себе да го имитира комичниот начин на кој Трамп зборува.
„Трамп често зборува со многу храбри, едноставни искази. Изгледаат пристојни за идејата на чисто добро и зло, добро и лошо, која ја има во традиционалните стрипови“, вели Сикорјак.
Додава дека не е само јазикот, туку дека Трамп ги носи сите знаци на класичниот негативец. Суров е, нарцистичен, и на некој начин ги контролира животите на другите луѓе.
Колекцијата на уметникот брои речиси 50 пародии – насловни на стрипови. На секоја од нив Трамп е прикажан како негативец, а јунаци се пародии на познатите суперхерои, но со имиња поповрзани со Трамп (Nasty Woman, The Black Voter, Senor Gonzalez, Hellguy…).