Понекогаш една буква може да направи оргомна разлика. Ова го искористил младиот уметник Остин Лајт кој во потрага по инспирација за цртање стигнал до идејата да изоставува една буква од насловите на филмовите и да креира поинакви приказни со ликовите.
Парот Јура
Два диносауруси сакаат да покажат дека не се само машини за убивање. Благодарение на една мала дупка во правилата, тие се најдоа на ГАЛ турнејата за голф и се упатија кон врвот на синџирот на исхрана.
Барајќи го Емо
Неподнослива риба-тинејџер бега од дома. Неговиот татко почнува потрага по него.
Ron Man
Незадоволен државен службеник прави роботски костум во својата гаража што ќе му помогне да ја спречи владата за којашто работи да му дава повеќе работа.
Обокап
Приказна за тоа како полициски службеник се прилагодува на својот нов роботски имплант со помош на секси смирувачки звук на неговата обоа.
Господар на камионите
Приказна за човекот кој е опседнат со неговиот камион.
Г-дин и г-ѓа Сит
Два џедаи што поради љубов се откажале од својот поредок. Исто така, за да можат да испуштаат гром од нивните раце бидејќи тоа е кул.
Хари Видрата
Младо момче кое дознава што е и кој е. Се развива магија.
Кучешки евтини приказни
Две кученца гонат пудлица што напишала скандалозна колумна за нивниот шеф.
Fight Cub
Кога уништувањето на шумите му се заканува на нивниот дом, една храбра мечка ќе возврати.
Rave
Една црвенокоса Шкотланѓанка. Еден подиум. Една незаборавна ноќ.
Извор: Mashable