Фотографиите на Инстаграм се повеќе наликуваат една на друга. Ова го покажува и профилот Insta Repeat, кој е посветен да ја прикажува едноличноста на фотографиите од оваа социјална мрежа. Со ова, се следат и „трендовите“ на влијателните профили („инфлуенсерите“). Може да се забележи кои пози и локации најмногу се „лајкувани“.
Анонимна 27-годишна девојка од Алјаска, го создала овој профил. Таа е режисерка и уметница која решила во своето слободно време да ја критикува оригиналноста на содржините што се објавуваат на Инстаграм.
Иако повеќето луѓе сметаат дека она што тие го споделуваат е посебно, всушност тие следат одредена генерична формула која претходно била применета илјадници пати.
Таа досега имала неколку негативни коментари, но таа тврди дека нејзиниот профил нема намера да критикува личности.
„Јас сум заинтересирана да го истражувам изборот за да се направи слика, која во суштина, веќе е направена“.
„Најпрекрасната работа што се случила по отворањето на профилот е што луѓето се ангажираат во критичка дебата за оригиналноста и создавањето на содржините. Има навистина продлабочени дискусии што се одвиваат во коментарите“.