Таксират за својот 15-ти роденден вчеравечер приреди одлична забава за публиката која траеше повеќе од 10 часа – успешно затворање на 2013 година. Еве го фестивалот низ објективот на Радио МОФ:
Фестивалот го отворија Лоши деца, скопскиот панк бенд кој даде најдобро од себе за нивната малубројна, но верна публика.
Култните The Exploited ја продолжија панк еуфоријата која траеше до самиот крај на нивниот настап.
Хрватскиот рок бенд Мајке, предводен од харизматичниот пејач Баре, донесе добро рокенрол уживање.
Бернајс Пропаганда со њу вејв и пост-панк ритмовите и успешно им ја пренесоа нивната силна енергија на фановите.
- Шпанците The Locos ја раздрмаа цела хала во ска-панк ритам
Софија Павловска