Најпрестижната фоторепортерска награда во светот „ World Press Photo“ ги објави шесте финалисти на натпреварувањето за фотографија на годината за 2018. Ова е прв пат во историјата на конкурсот финалистите да бидат објавени пред конечното доделување на наградите, кое е закажано за 12 април.
- Предупредување дека дел од фотографиите имаат вознемирувачка содржина
Запалениот Хосе Виктор Салазар Балза за време на судирот со полицијата на протестите против лидерот на Венецуела, Николас Мадуро. (Ronaldo Schemidt/AFP)
Минувач теши повредена жена откако автомобил влета во пешаци на Мостот Вестминстер во Лондон. (Toby Melville/Reuters)
Цивили во редови за помош во Мосул за време на битките за да се врати контролата врз градот од Исламската држава. (Ivor Prickett/The New York Times)
Изнесување на момче од последните упоришта контролирани од Исламската држава во Мосул. (Ivor Prickett/The New York Times)
Телата на бегалците Рохинги откако потонал бродот на кој се обиделе да избегаат од Мијанмар. (Patrick Brown/Unicef)
Киднапирана од милитантите на Боко Харам во Нигерија, 14-годишната Аиша била принудена да биде бомаш самоубиец, но успеала да избега. (Adam Ferguson/The New York Times)
На интернет страницата на фото-конкурсот можете да ги погледнете и финалистите во другите категории како „Современи прашања“, „Екологија“, „Општи вести“, „Долготрајни проекти“, „Природа“, „Луѓе“, „Спорт“ и „На местото на веста“.