Дали го читаш ова на твојот рачен уред? Има добри шанси да го правиш токму тоа. Сега, замисли како би изгледал(а) доколку телефонот одеднаш исчезне. Осамен(а)? Малку би ти било чудно? Можеби си до некоја личност и ја игнорираш?
Додека се повеќе сме фокусирани на екраните што ги носиме наоколу, дури и во друштво на пријатели или семејството, позата со телефонот во рака се чини нормална.
Американскиот фотограф Ерик Пикерсгил направи серија на фотографии „Removed“ („Отстранети“), за да не’ потсети колку всушност е чудна таа поза. Во секој портрет, електронските уреди се отстранети уште пред фотографијата да биде направена, па луѓето зјапаат во празните дланки, често игнорирајќи го опкружувањето или можностите за социјална интеракција.
Еве ги резултатите на Пикерсгил: