Фотографот од Лондон, Алекс Бартч, преку својот татко се запознал со музиката на Боб Марли уште од најрана возраст, па оттогаш останал голем фан на Марли.
Три години од својот живот поминал патувајќи низ Лондон за да ги бара оригиналните локации од омотите од плочите на реге иконата.
Ја добил идејата кога ја купил плочата „Brixton Cat“ од „Joe’s All Stars“. Ја однел плочата на пазарот каде била направена и повторно ја фотографирал, за да одговара со позадината.
Тоа било во 2014-та, кога започнал проект со приказни за повеќе артисти, плочи и локации. Повеќето од локациите не се премногу сменети, освен што дел се исчезнати, а други реконструирани, урбанизирани или претворени во супермаркети. Некои омоти се направени пред 20, 30, па и половина век пред фотографот повторно да ги „улови“.
Подолу погледнете ја импресивната колекција на фотографии: