Во светот одекна веста за убиството на познатата фоторепортерка и добитничка на Пулицерова награда, Ања Нидрингхаус (48). Таа беше застрелана вчера во Авганистан заедно со нејзината колешка новинарка Кети Генон, од страна на авганистански полицаец кој пукал на нив додека седеле во својот автомобил.
Ања се истакнала со фотографирањето на Берлинскиот ѕид, по што во 1990 година започнала да работи за Европската Пресфото агенција. Живеела во Франкфурт, Сараево и Москва, а голем дел од кариерата ги следела судирите во поранешна Југославија. Започнала да работи за Асошиејтед Прес во 2002 година, по што почнува ги покрива настаните на Блискиот исток, Авганистан и Пакистан.
Во текот на судирите во поранешна Југославија работела за агенцијата ЕПА, а на Балканот во 90-тите, три пати била повредена: првиот работен ден во Сараево била повредена од снајпер, на демонстрациите во Белград во 1997 година имала тројно кршење на ногата, откако ја прегазил полициски автомобил, а на Косово една година подоцна, експлозија на граната ја исфрлила од кола.
Во 2005 година добила Пулицерова награда. БиБиСи преку избор на фотографии направи пресек на нејзината посветена работа. Погледнете ја галеријата во продолжение: