Фотографија за тоа како пожарот во Австралија создава траги на тотална деструкција во пошумениот дел на Квинсленд ја освои наградата од годишниот натпревар „Фотограф на живиот свет“.
Дронската фотографија од птичја перспектива го документира шумскиот пожар во северна Австралија. Фотограф е Роберт Ирвин, синот на познатиот Стив Ирвин. Пожарот ја дели фотографијата на два дела – пошумената природа која е пред неизвесност, но и изгорените остатоци во позадина.
Фотографираната област е близу до границите на природниот резерват „Стив Ирвин“ во Кејп Јорк, дом на 30 различни екосистеми и многу видови кои се во опасност од истребување. Резерватот ја отсликува штетата што ја предизвикуваат австралиските шумски пожари.
Од Музејот на природна историја, кој ја прави листата за најдобри фотографии, посочиле дека победничката фотографија е важен потсетник за проблемите со кои се соочува природата и зошто е исклучително важно да се работи на нејзината конзервација“.
„За мене, фотографијата е медиум за раскажување на важни приказни кои можат да направат промена во светот. Понизно ја прифаќам оваа чест да сакам да изразам дека е многу важно да се насочиме кон решавање на климатските промени“, изјавил Ирвин.
Во 2019 година, Австралија ја доживеа својата најсушна и најтопла година, а научниците ја поврзаа климатската криза со пожарите во регионот.
На натпреварот стигнале 49,000 фотографии, а Музејот избрал 25 во потесен круг. За победникот одлучувала јавноста.
Меѓу четирите најомилени фотографии, се нашла и фотографијата на Еми Витале, на која ренџерот Јосеф Вачира се гушка со последниот северно-бел носорог во светот, само неколку минути пред да почине.
Животното со име Судан ги помина неговите последни години опкружен со вооружени чувари кои го штитеа него и неговите две женски придружнички 24 часа на ден.
Во прилог погледнете и дел од фотографиите кои влегоа во потесниот круг на овогодишниот натпревар.
Извор: Independent