Полскиот фотограф Аркадиуш Подњесински ја посетил „зоната на исклученост“ во близина на нуклеарната централа во Фукушима, Јапонија, во која се случи хаварија како последица на земјотрес и цунами во 2011 година. Пет години по несреќата, поради која беа евакуирани 100 000 луѓе, вегетацијата ги проголтува остатоците од цивилизацијата во озрачената област, претворајќи ја во морничав, постапокалиптичен пејсаж.