Хубер Зит, професор на Универзитетот за применети науки во Цвајбрукен е огромен обожавател на серијата „Ѕвездени патеки“ и филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“. Инспириран од љубовта кон нив, тој ја трансформирал Опсерваторијата за природно-научни истражувања налик на R2-D2.
Својот подвиг го завршил во септември, минатата година, а помош добил од своето семејство и студентите. Неговото дело доби огромна поддршка од фановите на „Војна на ѕвездите“ ширум светот, па дури и од актерот Марк Хамил, кој во филмовите го игра ликот на Лук Скајвокер.
Професорот Зит е докторанд за Теорија на системи за електротехнологија. Но, кога не предава на оваа тема, тој споделува информации за неговата омилена „sci-fi“ поп култура.