Фотографии кои ја одбележаа изминатата недела, во избор на The Guardian:
![[Галерија] Guardian: фотографии на неделата](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/09/gu-1.jpg)
Инсталацијата „Pulse & Bloom“, дел од фестивалот „Burning Man“ во американската држава Невада, кој го посетија околу 65.000 луѓе.

Палестинец се обидува да изгасне оган во делот од Газа жестоко бомбардиран од Израел во изминатите недели

Работник поправа ограда во израелска населба во близина на Газа, во примирјето кое дојде по седумнеделни судири

Муштерии во САД гледаат додека активистот Вилијам Смарт чука на излогот за време на протест на кој се бараат поголеми плати за вработените во рестораните за брза храна

Верник и нуди млеко на змија за време на хиндуистичкиот фестивал на обожување на змиите во Џаму, Индија